Свет 17. јули 2018. / 10:49

Нов нуклеарен пакт меѓу САД и Јапонија

Нов нуклеарен пакт меѓу САД и Јапонија

Јапонија и САД го продолжија нуклеарниот пакт, а за да се одржи тој пакт, Јапонија мора да ги намали своите резерви од плутониум. Пактот меѓу двете земји е потпишан во 1988 година и дозволува Јапонија да произведува плутониум и да обогатува ураниум, иако истата технологија се користи во производството на атомски бомби.

Пактот е продолжен, а ниту Јапонија ниту САД не побарале негова ревизија. Меѓутоа, пактот може да се укине со предупредување од едната страна.

Јапонија поседува 47 тони плутониум, што е доволно за производство на 6 000 атомски бомби. И покрај загриженоста на Вашингтон, Јапонија не ја намалува количината на плутониум затоа што рестартирањето на реакторите кои може да согоруваат плутониум е забавено поради катастрофата во Фукушима во 2011 година.