Шест луѓе се убиени кога тешко вооружени борци на исламистичката терористичка група Ал-Шабаб нападнале воена база во Сомалија, изјавија синоќа владини извори.
Двајца војници и четворица цивили, од кои две жени, се меѓу загинатите откако милитантите ја напднале воената база Хилвејн, на 25 километри северно од главниот град Могадишу, изјави за ДПА владиниот портпарол Исмаил Мукхтар Омар.
– Нашите сили жестоко им возвратија на терористите и убија неколку бунтовнички борци – изјави Омар.
Припадници на групата Ал-Шабаб ден претходно извршија напад врз хотел во близина на претседателската палата во главниот град, кога загинаа десетина луѓе.
Групата Ал-Шабаб има тесни врски со интернационалната терористичка мрежа Ал Каеда и често пати изведува напади во земјите од источна Африка.