Свет 03. август 2020. / 10:12

Нов црн рекорд: За 24 часа во светот има речиси 263 илјади нови заразени со корона вирус

Нов црн рекорд: За 24 часа во светот има речиси 263 илјади нови заразени со корона вирус

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во последните 24 часа се потврдени рекордни 262.929 случаи на корона вирус ширум светот, со што вкупниот број заразени се искачи на 18,23 милиони. Истовремено, бројот на почќинати се зголемил за 5.851.

Во светот вкупно се заразени 17.660.523 луѓе, а починале 680.894 луѓе како резултат на оваа инфекција.

Најголем пораст на нови случаи има во Јужна и во Северна Америка каде што се регистрирани 9.476.763 заразени. Во последните 24. часа, бројот на заразени лица таму се зголемил за 156.433, а бројот на починати за 3.963. Со тоа, вкупниот број на починати достигнал 359.180.

Што се однесува до Европа, потврдени се вкупно 3.375.535 случаи на корона вирус и 213.284 смртни случаи. Во последните 24. часа, бројот на заболени е зголемен за 17.419, а бројот на починати за 323.

Во Југоисточна Азија биле заразени 2.131.165 лица, а 45.837 починале, бидејќи бројот на случаи е зголемен за 58.971, а бројот на смртни случаи за 937 во изминатите 24 часа.

САД водат според бројот на заразени со 4.823.888 случаи, а потоа следува Бразил со 2.772.485 случаи и Индија со 1.800.723 заразени. Русија е на четвртото место со 850.870 случаи, Јужна Африка е на петтото место со 503.290 случаи, Мексико е на шестото место со 424.637 случаи, а Перу е на седмото место со 407.492 случаи.

Меѓу првите десет земји во светот во однос на бројот на заразени се и Чиле со 357.658 случаи, Иран со 306.752 случаи и Велика Британија со 303.956 заразени со корона вирусот.