Свет 09. November 2018. / 21:22

Норвешка забрани извоз на оружје во Саудиска Арабија

Норвешка забрани извоз на оружје во Саудиска Арабија

Норвешка објави во петокот дека го запира издавањето нови дозволи за извоз на оружје во Саудиска Арабија, поради неодамнешните настани во оваа блискоиточна земја и поради ситуацијата во Јемен.

Портпаролот на норвешкото министерство за надворешни работи одби за медиумите да каже дали одлуката е делумно мотивирана од убиството на дисидентскиот новинар Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во турски Истанбул на 2-ри октомври.

– Решивме дека во денешната ситуација нема да издаваме нови дозволи за одбранбен материјал или повеќенаменски стоки во воени цели за Саудиска Арабија. – вели шефот на дипломатијата Ериксен Соерејде во посмената изјава.

Германија во октомври соопштио дека ќе го прекине извозот за оружје за Саудиска Арабија, се’ додека не бидат разјаснети околностите за егзекуцијата на новинарот Џамал Кашоги.

Изјавата од Норвешка дојде една седмица откако министерството за надворешни работи го повика саудискиот амбасадор во Осло поради протест за убиството на Кашоги во саудискиот конзулат.

– Одлуката (да се запре издавањето дозволи) е донесене по сеопфатната процена на настаните во Саудиска Арабија и нејасната ситуација во Јемен. – се додава во изјавата на норвешкиот министер.