Сите аеродроми во Норвешка ќе бидат времено затворени од понеделник 16. март, за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти премиерката Ерна Солберг.
На норвешките граѓани ќе им биде овозможено враќање во земјата, наведе таа.
Норвешката влада е подготвена да направи се што е потребно за помош на економијата на земјата погодена од затворањето на фирмите поради коронавирусот, пренесе „Ројтерс“.
Исто така владата ќе побара увоз на медицинска опрема од Кина.
Во Норвешка досега се заразени 907 лица, а починаа две.