Свет 29. август 2018. / 10:33

Њујорк: Тајмс сквер e „окупиран“ од пчели

Њујорк: Тајмс сквер e „окупиран“ од пчели

Голем рој пчели го „окупираа“ централниот њујоршки плоштад „Тајмс“ и предизвикаа општ метеж во сообраќајот и паника меѓу луѓето, јавува Anadilu Agency (AA).

Во центарот на островот Менхетн, пчелите се спуштија на тендата на локална продавница за сендвичи на „Тајмс сквер“, кој важи за еден од најголемите туристички атракции во Њујорк.

Тендата за продажба на брза храна потклекна под товарот на заталканите пчели, по што настана несекојдневна интервенција на полицијата.

Сообраќајот во тој дел на Менхетн привремено беше блокиран. Њујоркшката полиција изведе интервенција со користење на методата со вакуум за да не им се наштети на пчелите, по што пчелите се префрлени во друго подрачје.

Шефот на полицискиот тим, Ендрју Коут, изјави дека роевите пчели обично се среќаваат во пролетните месеци и истакна дека целиот метеж на Менхетн го направила пчела матица поради временските услови кои наликуваат на пролетните.

„Можеби пчелите сепак сакале само да изедат сендвич со виршла“, се пошегува Коут по успешно спроведената интервенција.