Свет 21. мај 2020. / 16:30

„Њујорк тајмс“: Ако мерките беа воведени две недели порано ќе спасевме 54.000 животи во САД

„Њујорк тајмс“: Ако мерките беа воведени две недели порано ќе спасевме 54.000 животи во САД

Студија изработена од универзитетот Колумбија покажува дека доколку мерките против ширењето на пандемијата на корона вирусот во САД биле воведени една или две недели порано, бројот на смртните случаи ќе бил помал од 36.000 до 54.000, објави „Њујорк Тајмс“.

Според студијата, ако САД донесоа одлука за воведување мерки на социјална оддалеченост една недела порано, односно во почетокот, а не во средината на март, тогаш 36.000 Американци помалку ќе беа жртви на вирусот. Тоа е речиси третина од досегашните 95.000 смртни случаи од корона вирусот во САД.

Според експертите од универзитетот Колумбија, бројката ќе беше уште помала доколку мерките биле воведени две недели порано, односно од 1 март. Во таков случај бројот на смртни случаи би бил за 54.000 помалку.

Весникот потсетува дека на последниот ден во февруари, многу експерти за јавно здравје упатувале предупредувања за вирусот, но дека „некои не сакале да слушаат“. Во Сан Франциско, веќе тогаш работодавците, наводно, почнале да бараат вработените да работат од дома.

Државата Вашингтон, во која беше регистриран првиот случај на корона вирус во САД, прогласи вонредна состојба. Јужна Кореја, Виетнам и други земји наредија агресивни мерки, но претседателот Трамп тоа не го стори, наведува Њујорк Тајмс.

Тој рече на 26 февруари, што беше неточно, дека бројот на случаи значително се намалува, а не дека се зголемува. Тој веќе вети на 10 март – ќе помине. Само да бидеме смирени. Ќе исчезне. Некои локални лидери исто така продоложија да поттикнуваат вообичаено работење.  На почетокот на март, градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, им рече на њујорчаните да го напуштат градот и покрај корона вирусот – пишува „Њујорк Тајмс“.

Џефри Шанман, шеф на истражувачкиот тим на универзитетот Колумбија, за „Њујорк Тајмс“ изјавува дека тие неколку недели биле голема разлика.

Тоа кратко време во нормални услови беше клучно за вирусот во неговата фаза на ширење и е неверојатно клучно за намалување на бројот на смртни случаи – тврди Шанман.

Од почетокот на пандемијата до сега во САД се заразени речиси 1,6 милиони луѓе.