Веќе не е дозволено во Њујорк да не се вакцинираат деца од морбили поради религиски или други причини.
Во сојузната американска држава Њујорк стапи на сила нов закон според кој децата мора да бидат вакцинирани , ако одат на училиште. Така 26 000 деца и нивните родители се соочуваат со изборот – или ќе ги вакцинираат или ќе треба да ги напуштат училиштата, пишува „Њујорк Тајмс”.
Кон средината на јуни годинава гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо , потпиша закон со кој нема исклучоци за вакцинирање на децата , освен доколку за тоа нема оправдани медицински причини.
Најголем број невакцинирани деца доаѓаат од областите населени со ортодоксни Евреи.