Свет 13. февруари 2021. / 17:05

„Њујорк пост“: Ковид-19 може да предизвика хаос во васкуларниот систем

„Њујорк пост“: Ковид-19 може да предизвика хаос во васкуларниот систем

Списокот на мистериозни симптоми поврзани со пост-ковид расте, а најновата, досега непозната последица од оваа болест, се појави кај пациентка во Италија која доби гангрена на нејзината рака, пишува американскиот „Њујорк пост“.

Весникот наведува дека лекарите биле принудени да и ампутираат три прста откако жената во април минатата година добила Ковид-19.

Научниците се свесни дека Ковид може да предизвика хаос во васкуларниот систем, иако сè уште не се сигурни зошто. Се чека на повеќе анализи и истражувања кои би го докажале или побиле ова тврдење.