Свет 08. ноември 2019. / 10:08

,,Њујорк пост”: Блумберг размислува да се вклучи во трката за претседател

,,Њујорк пост”: Блумберг размислува да се вклучи во трката за претседател

Познатиот американски бизнисмен, политичар, писател и филантроп Мајкл Блумберг размислува повторно да се вклучи во претседателската трка следната година, разочаран од сите големи кандидати на Демократската партија,објави ,,Њујорк пост” повикувајќи се на неименувани извори.

Се очекува 77-годишниот Блумберг оваа недела да ги потпише документите за примарната Демократска претседателска кампања во Алабама.

Вкупно 17 кандидати моментално се во трката против Трамп.

Блумберг смета дека Џо Бајден е слаб, а Берни Сандерс и Елизабет Ворен не можат да победат – нагласи изворот запознат со промената на мислењето на поранешниот градоначалник на Њујорк.

Друг извор изјави дека Блумберг ќе донесе одлука набрзо, додека трет извор очекува одлуката да биде донесена во рок од неколку дена.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден, сенаторот на Масачусетс, Елизабет Ворен, и сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс, се демократските кандидати.

Некои анализи велат дека Ворент и Сандерс, кои се сметаат лево од Бајден, и ако ја добијат партиската номинација, сепак би можеле да ги загубат изборите против Трамп.