Свет 10. април 2020. / 14:37

Њујорк подготвува масовна гробница за починатите од Ковид-19

Њујорк подготвува масовна гробница за починатите од Ковид-19

Поради големиот број на жртви од Ковид-19  во Њујорк се подготвува масовна гробница.

Работниците во заштитни одела се забележани од дрон како користат скалила за да се симнат во огромна јама каде што се наредени голем број ковчези.

Гробницата е лоцирана на Островот Харт каде што се погребуваат они коишто немаат роднини или пак не можат да си дозволат погреб.

Според последните бројки Њујорк е на првото место според бројот на заразени во светот.

Во Њујорк се регистрирани околу 162.000 потврдени случаи со 7.000 починати.

Во Шпанија се потврдени 153.000 случаи и Италија 143.000, додека Кина, каде се појавил вирусот минатата година, има пријавено 82.000 случаи.

САД како целина имаат регистрирано 462.000 случаи и скоро 16.500 смртни случаи. На глобално ниво има 1,6 милиони случаи и 95.000 смртни случаи.