Официјалните лица на Њујорк побараа кабаници како донации од локалните компании и организации , кои би служеле како заштитна опрема за лекарите во болниците.
Градоначалникот Бил де Бласио најави дека во текот на неделата медицинскиот персонал ќе се соочи со недостаток на заштитна опрема, пишува „Вол стит журнал“.
Познатиот клуб „Јенки“ кој е на врвот на најбогати клубови во светот според „Форбс“, во една болница во Бронкс донираше 2.5000 кабаници за еднократна употреба, иако докторите се жалат дека мантилите за дожд не се ни близу до заштитна опрема.