Свет 10. април 2020. / 14:04

Њујорк има најголем број заболени од Ковид-19 во светот

Њујорк има најголем број заболени од Ковид-19  во светот

Државата Њујорк е на првото место во светот регистрирајќи повеќе случаи на Ковид-19 од која било друга земја ширум светот надвор од САД.

САД како целина имаат регистрирано 462.000 случаи и скоро 16.500 смртни случаи. На глобално ниво има 1,6 милиони случаи и 95.000 смртни случаи.

Додека државата Њујорк води во светот според случаи заболени од коронавирус, според бројот на починати (7.000) заостанува зад Шпанија каде што се регистрирани 15.500 смртни случаи и Италија со околу 18.000.

Кина, каде вирусот се појави минатата година, има пријавено 82.000 случаи на заболени и 3.300 починати.