Свет 22. јуни 2018. / 20:40

Ниту еден повеќе! Италија комлетно се затвора за нови имигранти

Ниту еден повеќе! Италија комлетно се затвора за нови имигранти

„Доколку следните бродови кон Италија дојдат без уредна пристанишна дозвола, а патниците без валидни документи, таквите лица ќе можат да го видат само италијанскиот брег на неколку часа…по што ќе бидат вратени назад.“ изјави Матео Салвини, Министерот за Внатрешни Работи на Италија.

Минатата недела Салвини одби да го прими бродот АКВАРИУС со 630 имигранти од Африка и Блискиот Исток. На крајот, АКВАРИУС се упати за Шпанија каде имигрантите конечно беа истоварени.

Со излез на Средоземното Море, Италија е втора земја по Германија, по бројот на имигранти, дојдени од сите делови на Африка, вклучувајки и земји кои воопшто не се зафатени со војна.