Јапонскиот „Нисан мотор“ одлучи да ја затвори својата фабрика во Барселона, како дел од глобалното реструктуирање. Тоа ќе предизвика губење на околу 3.000 работни места, соопшти шпанската Влада.
Затворањето на фабриката во Барселона ќе го чини јапонскиот производител до милијарда евра, објави владата, тврдејќи дека инвестирањето во фабриката на „Нисан“ ќе биде поевтина алтернатива.
Тие го повикаа јапонскиот производител да разгледа други опции. Во јануари, по разговорите со водачите на Рено и Нисан, Владата објави дека работното место во фабриката е „загарантирано“.
– Јасно е дека жалиме за таквата одлука. Владата ќе ги продолжи разговорите со Нисан и локалните и регионалните власти за да види како да се продолжи и можеби да се најде алтернативно решение, изјави министерот за економија Надио Калвино за телевизијата ТВЕ.
Во фабриката на Нисан во Барселона работат околу 2.400 работници и околу 600 во сродни погони. Тоа е главната фабрика на Нисан во Европа, по онаа во Велика Британија.