Свет 23. мај 2019. / 21:09

Нимиц: Преспанскиот договор требаше да го напишам на кинески јазик

Нимиц: Преспанскиот договор требаше да го напишам на кинески јазик

Во интрвјуто за Дојче веле, американскиот дипломат Метју Нимиц кој „потроши“ речиси четврт век како медијатор во грчко-македобнскиот спор околу разликите во името, кажува некои интересн детали.

Честопати си мислам дека ако бев паметен ќе го напишев договорот (од Преспа, н.з.) на кинески јазик, затоа што кинескиот е официјален јазик на ОН. Доколку го напишевме договорот на кинески, ќе ги немавме сите овие проблеми. Никој во Грција или Северна Македонија немаше да разбере што содржи тој.

Нимиц вели дека и сега, кога конечно е постигнат договор, е разочаран од несфаќањето на терминот компромис.

Во обете земји луѓето сметаат дека дале премногу затоа што се постигнал компромис. Она што по малку ме разочарува, иако тоа го сфатив уште на почетокот, е тоа што во САД зборот компромис е добар збор. Имаме спор, одиме во соседната соба, разговараме за тоа, и излегуваме со решение. Постигнуваме компромис. Сите сметаат дека тоа е одлично. На Балканот ‘компромис’ е лош збор…вели Метју Нимиц во разговорот за „Дојче веле“.