Свет 14. март 2021. / 21:15

Никогаш претходно: Во Кина продадени повеќе нови автомобили, отколку во Европа

Никогаш претходно: Во Кина продадени повеќе нови автомобили, отколку во Европа

Кина значително го зголеми водството во продажбата на нови автомобили во однос на Западна Европа.

Додека во јануари и февруари се продадоа 1,52 милиони автомобили во Европа, продажбата во Кина изнесува 3,96 милиони возила, покажува студијата на „Autoexperte Dudenhoffer“.

Пред една година се продадени 1,99 милиони возила во Европа, а само 1,6 милиони во Кина во истиот период.

Во Кина, никогаш во првите два месеци од годинава немало толку високи податоци за регистрација на автомобили како во 2021 година, пишува авторот на студијата, Фердинанд Дуденхофер, според Абендблат.

Тоа е јасен знак дека Кина ја остави пандемијата зад себе, додека Европа сè уште е длабоко во криза.

Само во Германија во јануари и февруари, една четврти од возилата биле продадени помалку отколку во истиот период минатата година.

Другите западноевропски земји беа уште повеќе погодени.

Продажбата на нови автомобили опадна за околу 46 проценти во Португалија и Шпанија, а во Данска за 40 проценти. Според податоците, Ирска се справила подобро меѓу земјите на ЕУ – со минус од единаесет проценти.

Норвешка е единствената западноевропска земја што ја зголеми продажбата на автомобили – пет проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.