Екстремисти од групата Боко харам денеска убиле 12 земјоделци додека работеле на полиња на североистокот на Нигерија, објавија локалните власти.
Напаѓачите со камиони дојдошле до полињата и земјоделците биле убиени со мачета, наведуваат властите и додаваат дека биле пронајдени телата на сите 12 убиени.
Екстремистите од Боко харам честопати напаѓаат земјоделци со цел да ги ограбат.
Боко Харам, чие име го означува спротивставувањето на западноевропското образование, а во 2009 година поради судири со нигериските безбедносни сили настрадаа околу 27.000 луѓе, додека 1,8 милиони ги напуштиле своите домови.