Во засолниште во Абуџа, главниот град на Нигерија, се наоѓаат повеќе од 100 бебиња, од кои повеќето се болни и неухранети. Децата се спасени о најоддалечениот регион на Нигерија, каде близнаците се сметаат за демони.
Стивен Олусол и неговата сопруга Чинве основале засолниште во рамки на Vine Heritage Home Foundation пред 13 години за да ги спасат децата близнаци кои по древна традиција се убиваат веднаш по раѓањето. Оваа страшна традиција се продолжува и денеска, далеку од очите на јавноста. Заштитниците на близнаците сосема случајно слушнале за оваа стравична традиција. Олусола уште во 1996 година наслушнал дека едно дете ќе биде жртвувано за да им се удоволи на боговите и да се осигура плодност на земјата.
„Ги молев да не ја убиваат и да ми дозволат да ја земам. И така почнавме. Стигнуваа се повеќе и повеќе деца и сфатив дека мојот двособен стан е премал за сите нив. Во тоа време имавме мала помош од поединци. Грижата за овие деца го презеде мојот живот па дадов отказ на работа на универзитетот во Абуџа, нагласува Олусола.
Убиства на бебиња, најчесто близнаци, практикуваат неколку заедници од Баса Комо племето. Тие веруваат дека блзинаците се демони кои им ја пијат крвта на спиење и дека се предодредени да ги убијат своите родители.
Фондацијата се обидува да ги спречи убиствата со помош на свои доушници кои им дојавуваат коха некое дете е во опасност.
„Со помош на нашите доушници добиваме информации за раѓање близнаци. Го наоѓаме селото во кое се случило тоа и стигнуваме на преговори со нивните водачи. Се обидуваме да ги разувериме децата да ги остават да живеат и да ни ги предадат нам. Им ветуваме дека децата ќе ги вратиме во заедницата кога ќе бидат подготвени да ги прифатат, нагласува Олусола.
Покрај оваа мирољубива стратегија за спасување деца, повеќето сепак умираат.
„Некогаш и покрај долгите преговир знаеме дека нема да ни го дадат и дека му нема спас“, вели тој.
Многу деца кои успеваат да се спасат поради лоѓата здравствена состојба не успеваат да го преживеат долгиот пат до засолништето во кое во моментот живеат 116 деца.
Легенда за моќни сусштества
Прекрасното село Убо Саиду во заедницата Баса Комо живее далеку од очите на јавноста и каква и да е цивилизација. Неговите жители легендата за близнаци демони ја пренесуваат од колено на колено.
„Близнаците по наше верување не се луѓе. Тие се опасност за целата заедница затоа што уште одамна нашите претци ни зборуваа дека имаат страшни моќи. Ги гледаме како богови меѓу луѓето и веднаш по нивното раѓање целото село добива известување дека е родена закана од зло, вели еден тамошен жител.
Повеќето семејства кои живеат во овие делови од светот изгубиле неколку деца во обредни убиства кои ги спроведуваат врачевите.
„Кога бебињата ќе се родат, тој ги храни со посебно подготвен напиток. Ги уверува луѓето во заедницата дека станува збор за вода и дека смртта на нбебињата е природен, божји чин. Улогата на водата, вели тој, е да им помогне на духот на децата да остане во семејството. Тоа е далку од вистината затоа што се работи за многу отровна течност. Особено тешко им е на жените кои гледаат како им умираат децата. И тие сами се етикетирани како валкани поради раѓањето на забранети суштества, нагласуваат.
Во овие делови од Нигерија се верува дека близнаците се моќни помоќни и од врачот.
„Се верува дека нивната моќ е појака од онаа на врачот и на маѓепсникот, па затоа тие ги убиваат, оти им се закана. Ги употребуваат своите мистични моќи во нивните убиства. Ви се чини чудно, но ние така живееме. Иако христијанските заедници се обидуваат да го искоренат ова верување се уште се спроведуваат убиства“, вели млад жител на селото.
„Многу стручњаци не веруваат дека во Нигерија се случуваат овие убиства затоа што е страшно и потполно апсурдно. Тешко е да се верува во нив и да се почне истрага, вели Диока Бриџит од истрашниот центар од универзитетот во Нигерија.
Вклучени се традиционалните и верските водачи на заедници од шест различни делови со цел запирање на оваа стравична пракса. Но, поради немање пари оваа кампања е прекината.
Џозефин Алуманах, професорка по антропологија од универзитетот смета дека оваа промена не може да се случи преку ноќ.
„Не можете да ги уверите луѓето да го променат системот во кој веруваат илјадници години во само неколку недели“.