Свет 15. септември 2018. / 15:12

Нигерија: Масакр пред кино на отворено, убиени се 11 лица

Нигерија: Масакр пред кино на отворено, убиени се 11 лица

Во вооружен напад во северозападниот дел на Нигерија загинаа најмалку 11 лица, а 20 се повредени.

Полицијата соопшти дека непознати лица пукале во група луѓе кои се собрале за да одат во кино на отворено.

Повредените лица се хоспитализирани и започната е истрага за нападот.