Свет 29. јануари 2020. / 15:35

Незадоволството од демократијата на највисоко ниво во последните 25 години

Незадоволството од демократијата на највисоко ниво во последните 25 години

Незадоволството од демократијата во развиените држави достигна највисоко ниво во последните 25 години. Ова го покажуваат податоците од најновото истражување на научниците од универзитетот Кембриџ. Најголемиот број незадоволни доаѓаат од Велика Британија и САД.

Истражувањето опфатило 4 милиони луѓе од 154 држави во светот. Според податоците, незадоволството од демократијата, во споредба со 1995 година, пораснало од 48 на 56 отсто, достигнувајќи највисоко ниво досега.

Според научниците, тоа се должи на „економскиот шок“ од финансиската криза во 2008 година, загриженоста од бегалската криза и неуспехот во надворешната политика. А, безизлезот и одолговлекувањето со Брегзит само дополнително придонеле за пад на довербата.