Најмалку 17 лица загинаа во невремето што оваа недела ја погоди Италија. Италијанската агенција за цивилна заштита објави дека во петокот на Сардинија загинал германски турист од удар на гром.
Според агенцијата „Ројтерс“, уште една личност, која била погодена од удар на гром пред неколку дена, починала во болница.
Повеќето од жртвите ги загубиле своите животи поради паднати дрвја.
Според проценката на италијанското Здружение на земјоделски компании, во невремето се уништени околу 14 милиони дрвја.
Најмногу штета претрпеле областите околу Венеција, каде што поради одрони се отсечени села и патишта.