Стапката на невработеност во 19 држави членки на еврозоната падна на најниско ниво од јули 2008 година и покрај неизвесноста со излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
Според податоците на Евростат стапката на невработеност во октомври паднала на 7,5 отсто од 7,6 отсто колку што изнесуваше во септември, пренесува Анадолија.
Во последните неколку години невработеноста во еврозоната константно опаѓа, а регионот окрепнува од финансиската криза.
Ниска невработеност во Грција и Шпанија
Невработеноста во Германија и понатаму е исклучително ниска и изнесува 3,1 отсто.
Нагло намалување на невработеноста е забележано и во Грција и Шпанија.
Двете земји порано се соочуваа со голема стапка на невработеност од околу 25 отсто, а моментално таа изнесува 14,2 отсто во Шпанија и 16,7 отсто во Грција.