Свет 26. јануари 2020. / 12:26

Нетанјаху: Планот на Трамп за Блискиот Исток ќе биде историско постигнување

Нетанјаху: Планот на Трамп за Блискиот Исток ќе биде историско постигнување

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека мировниот план за Блискиот Исток, што наскоро ќе го објави администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде „историски“.

– Оваа можност се нуди еднаш во историјата и не можеме да ја пропуштиме. Се надевам дека сме на прагот на историскиот момент за нашата земја – соопшти Нетанјаху пред заминувањето во Вашингтон.

Нетанјаху ја повтори својата оценка дека Израел има најголем пријател во Белата куќа, каков што никогаш немал и дека затоа постои најголема можност, каква што досега немал.

Нетанјаху отпатува во Вашингтон, каде на средба со Трамп ќе има можност да разговара за американскиот план за Блискиот исток, што Палестинците однапред го отфрлија.