Свет 12. август 2018. / 18:19

Нетанјаху од Хамас побара целосен прекин на огнот

Нетанјаху од Хамас побара целосен прекин на огнот

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, побара од Хамас целосен прекин на огнот, во првата изјава по ескалацијата на насилството во изминатите денови.

По еден од најсериозните конфликти од 2014. година и војната меѓу Израел и Хамас, кој управува со појасот Газа, во четвртокот вечерта беше воспоставено кревко примирје со посредство на Египет и ОН, соопшти извор запознаен со текот на преговорите. Иако Израел и Хамас официјално не го потврдија прекинот на огнот, ситуацијата е мирна и во Газа и во граничното подрачје на двете страни.

„Ние сме отворени во кампањата против тероризмот во Газа, а нашето барање е јасно: целосен прекин на огнот. Нема да бидеме задоволни со нешто помалку од тоа“, изјави Нетанјаху на состанокот на владата.

Според него, израелските сили досега уништиле стотици воени цели на Хамас, а одговорот на евентуални нови напади ќе биде само посилен.