Свет 11. март 2019. / 11:43

Нетанјаху: Израел не е држава-нација на сите свои граѓани, туку исклучиво на еврејскиот народ

Нетанјаху: Израел не е држава-нација на сите свои граѓани, туку исклучиво на еврејскиот народ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјахи, среде кампањата за изборите закажани за 9 април, изјави дека Израел не е држава-нација „на сите свои граѓани, туку исклучиво на еврејскиот народ“, при што ја исклучи арапската популација која живее во земјата.

Нетанјаху ова го напиша вчера на својот профил на Инстаграм, реагирајќи на дебатата која се разжести по изјава на глумицата Ротем Селах.

Многу популарната израелска глумица и манекенка објави пост во кој ги брани правата на арапското малцинство кое сочинува 17,5 отсто од популацијата, и според неа „Израел е држава на сите свои граѓани“.

Нетанјаху реагираше истакнувајќи дека „Израел не е држава на сите свои граѓани“, бидејќи, според него, „во согласност со основниот закон за нацијата што го усвоиле, Израел е држава-нација на еврејскиот народ – исклучиво и единствено на еврејскиот народ“.