Свет 28. септември 2018. / 10:43

Нетанјаху: Иран има таен објект за складирање нуклеарно оружје

Нетанјаху: Иран има таен објект за складирање нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на говорот во Обединетите нации покажа наводни докази за постоење таен ирански објект за складирање нуклеарно оружје.

Нетанјаху од говорницата покажа мапи и фотографии на наводен таен атомски магацин во областа Туркузабад, близу Техеран.

Тој обвини дека објектот се користи за чување огромни количества опрема и материјали од иранската тајна програма за оружје”.

Нетанјаху во исто време ги обвини и европските држави дека се попустливи за Иран поради обидите за враќање на трговијата со таа земја и покрај неговите нуклеарни активности.. За сега, нема реакција од Техеран, кој вообичаено одрекува дека развива нуклеарно оружје.