Свет 18. септември 2019. / 20:32

Нетанјаху го откажа учеството на Генералното собрание на ОН

Нетанјаху го откажа учеството на Генералното собрание на ОН

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, го откажа учеството на Генералното собрание на Обединетите нации.

Патот за Њујорк е откажан по вчерашните парламентарни избори на кои нема јасен победник и Нетанјаху, судејќи според неофицијалните резултати, нема мнозинство во парламентот заедно со неговите сојузници, десничарските и верските партии.

Нетанјаху требаше да се сретне и со американскиот претседател, Доналд Трамп, следната недела во Њујорк. Не е соопштено дали средбата на двајцата лидери ќе биде презакажана.