Свет 22. декември 2019. / 23:08

Нетанјаху го обвини Меѓународниот кривичен суд за антисемитизам

Нетанјаху го обвини Меѓународниот кривичен суд за антисемитизам

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Меѓународниот кривичен суд за антисемитизам поради планот на обвинителството да покрене истрага за наводни воени злосторства направени на Палестинска територија.

– Новите укази се предавство против еврејскиот народ, антисемитски укази на Меѓународниот кривичен суд кои ни кажуваат дека Евреите во овој град, оваа држава немаат право да живејат, а со тоа што живееме правиме воено злосторство, рече Нетанјаху.

Тој оцени дека станува збор за чист антисемитизам.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Фатоу Бенсуа најави во петокот дека наскоро ќе започнат истрага за наводно воено злосторство на Западниот брег, вклучително Источен Ерусалим, и во Појасот газа, откако ќе се утврди јурисдикција на судот.