Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи на гласање за претседател на неговата партија Ликуд, потврди партискиот портпарол.
Гласањето ќе се одржи во рок од шест недели, но не до крајниот рок од 11 декември, до кога израелскиот парламент мора да се распушти, изјави за ДПА портпаролот на партијата Ели Хазан.
Нетанјаху се согласи на гласањето откако израелскиот јавен обвинител минатата недела објави дека против него ќе бидат поднесени обвиненија за мито, измама и кршење на довербата, но сепак се надева дека ќе победи.
Притисокот врз Нетанјаху е засилен откако не успеа да формира влада по двата неубедливи избори оваа година.