Свет 24. мај 2018. / 22:29

Несреќа во САД: Дете си го убило своето братче – мислело дека пиштолот е играчка

Несреќа во САД: Дете си го убило своето братче – мислело дека пиштолот е играчка

Четиригодишно дете во Вирџинија случајно си го убило своето две години помало братче. Пукал во него со пиштол кој мислел дека е играчка, наведува американската полиција.

Тајлер Апонте не дишел кога бил пронајден во својот дом во округот Луиз во Вирџинија со рана од куршум во градите, пренесе „Индепендент“.

Итната помош се обидела да го реанимира двегодишното дете, го однесла во болница, но докторите и покрај сите напори не успеале да го спасат малото дете.

Во времето кога се случила оваа трагедија мајката на двете деца била во куќата. Полицијата сега води истрага за целиот случај.