Рускиот претседател Владимир Путин денеска по 16-ти пат одговараше во живо на прашања на граѓаните преку спецјалната емисија „Директна линија”.
Сепак имаше и такви кои Путин ги прескокна и ги остави без одговор, но беа испишани на интерактивната табла во студиото.
Ова се дел од непријатните прашања на кои рускиот претседател на одговори, а по избор на порталот nakanune.ru.
– Зошто Алексеј Навални не беше регистриран како претседателски кандидат?
– Кога пратениците ќе се возат во руски автомобили?
– Нема пари, а вие не се давате?
– Вие сте на власт толку многу години. Не мислите дека веќе сме монархија?
– Премиерот вели дека во земјата нема пари, а шефот на државната банка – дека во земјата има многу пари. Дали живеат во различни земји?
– Зарем не се уморивте од тоа да бидете претседател?
– Дали ќе го смените уставот за следното претседателство?
– Зошто бананите во Русија се двапати поевтини од јаболката? Да не смне станале банана република?
– А Кудрин ( Алексеј Кудрин беше министер за финансии на Русија до 2011 година) не сака да поработи во гумени чизми и ракавици во некоја фабрика до 65 години?
– Кога Русија ќе почне да одделува пари за самата Русија?
– Каде ја водите земјата? Какво општество создавате? Вие не можете да избегате од овие прашања!
– Кога цените ќе престанат да растат? За што гласавме?
– Сите живеат полошо, само во Кремљ ви е убаво!
– Кога ќе ги зголемите платите на наставниците за да го почувствуваат тоа?
– Објаснете му на народот каква е користа од елитата и супер-богатите менаџери и службеници?