Двајца турски војници загинале од силите на сирискиот претседател Башар Асад во северозападниот дел на Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.
Овој инцидент доаѓа само неколку часа пред прекинот на огнот, договорен на средбата меѓу претседателите на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин.
Како што информираа од турското министерство, покрај двајцата загинати, имало и тројца повредени турски војници. Од Министерството додаваат дека турската војска веднаш одговорила на нападот.