Свет 06. јануари 2021. / 21:38

Ненси Пелоси префрлена на сигурно, додека демонстрантите упаднаа во Конгресот

Ненси Пелоси префрлена на сигурно, додека демонстрантите упаднаа во Конгресот

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Палоси е прфрлена на безбедно место откако демонстранти кои учествуваат на протестите против резултатите од изборите во 2020 година влегоа во зградата на Конгресот.

Претходно, потпретседателот Мајк Пенс беше евакуиран од Капитол Хил, додека Конгресот беше итно заклучен поради безбедносни проблеми.

Информацијата за префрлањето на Пелоши доаѓа непосредно откако беше објавено дека едно лице што влегло во просториите на Конгресот било застрелано.