Свет 14. јануари 2021. / 18:08

Ненадејно почина американска актерка на 38 годишна возраст

Ненадејно почина американска актерка на 38 годишна возраст

Американската актерка Џесика Кембел, позната по улогите во филмот „Election“ и серијата „Freaks and Geeks“, починала ненадејно на 38-годишна возраст.

Нејзиното семејство ја потврдило оваа вест и се уште не ги откриваат причините за смртта. Според TMZ, била повикана брза помош кога актерката била пронајдена на подот од бањата, но и немало спас.

Извор близок до нејзиното семејство изјавил дека Џесика неодамна одлучила да се откаже од актерството и да се посвети на други работи.
Од неа се прости и холивудската sвезда Рис Витерспун, која глумеше заедно со неа во филмот „Election“.

Оваа вест одекна ненадејно во јавноста за која беа упатени многу коментари.

– Срцето ми е скршено. Уживав кога работев со неа, напишала Рис Витерспун на Твитер.