Свет 05. ноември 2020. / 22:25

Немири во Љубљана: Демонстранти се судрија со полицијата

Немири во Љубљана: Демонстранти се судрија со полицијата

Во Љубљана дојде до судири меѓу демонстранти и полиција за време на протестите за кои стои организацијата „Анонимус Словенија“.

Маскирана група на луѓе се судри со полициски сили на Плоштадот на Републиката, а целата ситуација се претвори во драма, пренесува словенечко „Дело“.

Полицијата користеше водени топови и солзавец за растерување на демонстрантите.

Според словенечкиот весник, демонстрантите се поделиле во групи и на неколку локации во главниот град се судрија со полицијата. Градот го надлетуваат хеликоптери, на улиците може да се слушнат експлозии додека има информации и за повреден новинар.

Очевидци велат дека меѓу демонстрантите има и фудбалски хулигани.