Од клубот синоќа не се огласуваа јавно, но Ројтерс и Скај Њуз објавија и го потврдија она најлошото -никој не преживеал во хеликоптерската несреќа синоќа покрај стадионот „Кинг Пауер” во Лестер.
Долго се шпекулираше околу тоа кој се бил во хелихоптерот во тој кобен момент, и дали некој по некое чудо ја преживеал големата трагедија. Но сега е извесно дека се потврдуваат црните сомнежи и дека 61.годишниот сопственик на Лестер, Вишај Шривадханапрадбха загинал во несреќата.
Покрај него, во хеликоптерот биле и два пилоти, потоа неговата ќерка, Ворамас Раксриаксорн, која обично му правела друштво на својот татко и доаѓаше на натпреварите на Лестер.
Навистина голема трагедија во свеото на фудбалот, и никој не може да остане имун на сето она што синоќа се случуваше покрај стадионот „Кинг Пауер” во Лестер.
Навивачите на овој клуб утринава носеа цвеќе пред стадионот, се молеа, но неизбежна беше црната судбина.
Милијардерот од Тајланд кој го купи клубот во 2010 година,и шест години подоцна го направи шампион на Англија, влезе во леталото еден час по завршувањето на дуелот Лестер-Вест Хем.
И набрзо потоа, дојде до пад на хеликоптерот, нефицијално, поради техничко оштетување.