По бранот масовно купување тоалетна хартија предизвикан од епидемијата на корона вируст, холандскиот премиер Марк Руте испрати порака на смирување до граѓаните.
Како штоистакна Руте, во земјата нема опасност да дојде до недостиг од тоалетна хартија.
Холандија има доволно тоалетна хартија за наредните десет години – изјави Руте.
Минатата недела, Холанѓаните масовно правеа залихи на тоалетна хартија. Полиците во продавниците постојано се дополнуваат.