Свет 06. февруари 2020. / 14:19

Нема мир за Австралија: По пожарите, сега ја погодија поплави

Нема мир за Австралија: По пожарите, сега ја погодија поплави

Голем број жители на Австралија коишто се опоравуваат од интензивната сезона на пожари, сега се борат со поплави.  Откако почнаа поројни дождови, за кои се очекува да траат неколку денови, Заводот за метеорологија издаде предупредување од силни грмотевици и поплави за над 20 области во Нов Јужен Велс.

Поради дождот е одложен и хуманитарниот натпревар во крикет, кој требаше да се одигра во Сиднеј со цел собирање средства за гаснење на пожарите.

Во серијата пожари кои избија во септември минатата година загинаа 33 луѓе, како и околу еден милион домашни животни, а уништени се повеќе од 2.500 домови. Се очекува Австралија да ја зафатат нови пожари