Свет 01. јули 2019. / 09:21

Нема договор за челните места во ЕУ: Брисел поделен меѓу Тимерманс и Вебер

Нема договор за челните места во ЕУ: Брисел поделен меѓу Тимерманс и Вебер

Ниту во третиот обид, лидерите на Европската унија не успеаја да изградат консензус околу имињата на новите челници на Европската комисија. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, доцна синоќа го прекина самитот во Брисел поради дополнителни билатерални консулатации, а клучните позиции во телата на Унијата, а дискусиите ќе продолжат подоцна.

Лидерите останаа поделени околу изборот на социјалистот Франс Тимерманс за наследник на Јункер, кој во последниов период изби како најизвесен кандидат. Но, против неговата кандидатура застана водечката европска партија, Европската народна партија, како и земјите од Вишеградската група.

Меркел и Европската народна партија и натаму инсистираат наследник на Јункер да биде Германецот Манфред Вебер, на чиј избор се противат Социјалистите и Либералите.

На вчерашниот самит беше предвидено да се изберат челниците на Европската комисија, на Европскиот парламент, претседателот на Европската централна банка и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ.