Свет 04. мај 2020. / 14:28

Нема да има карантин за луѓе кои во Франција доаѓаат од ЕУ, Шенген-зоната и Велика Британија

Нема да има карантин за луѓе кои во Франција доаѓаат од ЕУ, Шенген-зоната и Велика Британија

Франција нема да воведе карантин за оние луѓе, без оглед на националноста, кои доаѓаат од ЕУ, Шенген-зоната и Велика Британија.

Во саботата, министерот за здравство Оливие Веран изјави дека мерката за карантин, предвидена во нацрт-законот за продолжување на вонредната здравствена состојба, ќе се однесува на „секој што влегува во државата или доаѓа на прекуокеанска територија“.

За други случаи, како Французите и Европејците кои доаѓаат од други области, Министерството за надворешни работи ќе „одлучи деновиве“ начин на постапка, додаваат од Кабинетот на францускиот претседател.

Француската Влада во саботата донесе одлука за продолжување за двата месеца – до 24 јули – на вонредната состојба поради Ковид-19 и донекаде разјасни принцип на релаксација на ограничувањата предвидени од 11 мај.