Свет 15. април 2020. / 10:09

Наместо аплауз: Американците ја изразуваат поддршката за здравствените работници со завивање

Наместо аплауз: Американците ја изразуваат поддршката за здравствените работници со завивање

Ако Италијанците тоа го прават со песна и музика, Шпанците со аплаузи, Американците, монотонијата почнаа да ја разбиваат со кучешко завивање.

Има нешто многу Американски и западно во ова, пишува неделникот „Тајм“.

Секоја вечер во 20 часот навечер од Калифорнија до Колорадо, од Џорџија до Вашингтон округ Колумбија и до Њујорк, Американците, секој на свој начин, завиваат, лаат и мјаукаат.

Се шири нов ритуал на едно изолирано општество отсечено еден од друг.

За некои, тоа е начин да се искомуницира за огромната жртва на здравствените работници и првата помош за нивната бескрајна жртва, за други, начин да се ублажи болката, изолацијата и фрустрацијата. Трети пак, со лаежот даваат поддршка за безодмниците. Причините се разни – пишува изданието.

Гувернерот на Колорадо, Џаред Полис, ги охрабрва жителите да го прават тоа.

Завиваат родителите, завиваат и децата на кои им недостасуваат школските другарчиња, се придружуваат и кучињата во дворот. Се слушаат и спорадични петарди, сирени или ѕвонења – наведува „Тајм“.