Свет 03. март 2021. / 10:53

(ФОТО) Неколку месеци по големата поплава, каналите во Венеција пресушија

(ФОТО) Неколку месеци по големата поплава, каналите во Венеција пресушија

Поради големата осека, каналите во Венеција се речиси без вода, само три месеци по големите поплави,пренесува businessinsider.

Во претходните години, градот беше сведок на високо ниво на вода од март до октомври, па затоа е крајно изненадувачки што нивото на водата во каналите падна на толку ниско ниво.

Бродовите се речиси заглавени поради драстичниот пад на водостојот, а каналите изгледаат како ровови.

Венеција го доживеа највисокиот водостој во последните 50 години во ноември, што некои сметаат дека е директен резултат на климатските промени.

Повеќе од две третини од градот во тоа време беше под вода, а градоначалникот процени дека штетата е поголема од милијарда евра. Плоштадот Свети Марко исто така беше поплавен, а продавниците, кафулињата и рестораните беа затворени.