Речиси една третина од 1.200 анкетирани британски компании имаат план или размислуваат да се преселат во странство поради Брегзит.
Ова се резултатите од истражувањето на една бизнис-организација во Лондон.
Дури 16 отсто од компаниите веќе имаат план за раселување, а дополнителни 13 проценти активно го разгледуваат тоа, покажува истражувањето на „Институтот на директори“ (ИОД).
Од овој институт велат дека ова се „загрижувачки показатели”. Портпаролката на британската влада рече дека Брегзит е „најдобриот начин да се постигне договор” за да се обезбеди сигурност за компаниите и поединците. Иако постојат голем број на големи компании кои веќе го префрлија својот бизнис, малите фирми размислуваат двапати повеќе, покажуваат резултатите од истражувањето.