Свет 07. февруари 2020. / 15:11

Недостасува заштитна опрема за борба против коронавирусот

Недостасува заштитна опрема за борба против коронавирусот

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди денеска дека светот се соочува со недостиг на заштитна медицинска опрема, мантили, маски и ракавици.

– До шест часот утрово по средноевропско време, регистрирани се 31.211 потврдени случаи на заболени од коронавирус во Кина и 637 починати, изјави Гебрејесус.

Тој потврди дека во последните два дена во Кина има помалку инфицирани, оценувајќи дека тоа е добра вест. Сепак директорот на СЗО предупреди дека тие бројки не се доверлив показател и постои можност за нова ескалација.