Свет 18. октомври 2019. / 17:15

Небото над Москва на 20 октоври ќе блеска од огномет во чест на ослободувањето на Белград

Небото над Москва на 20 октоври ќе блеска од огномет во чест на ослободувањето на Белград

Небото над Москва на 20 октомври ќе биде украсено со повеќе од 2.000 парчиња огномет во чест на 75-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Во таа пригода, посебна дивизија на Гардата од Западниот воен округ треба да изведе и почесен артилериски поздрав.

Според информации од руските новински агенции, на небото над Москва, во 22 часот по локално време ќе бидат пуштени повеќе од 50 видови огномет, чија купоа во дијаметар ќе надмине 300 метри.

Во операцијата за ослободување на Белград, позната и како Белградска офанзива, во 1944 година покрај Народноослободителната војска на Југославија учествуваа и единици на Црвената Армија.