Свет 28. октомври 2018. / 12:43

Не успеа првиот вселенски лет на кинеската приватна компанија „Лендскејп“

Не успеа првиот вселенски лет на кинеската приватна компанија „Лендскејп“

Првиот обид на приватната кинеска компанија „Лендскејп“ да лансира ракета во Вселената не успеа.

– Ракетата „ЗиКју-1“ (ZQ-1) нормално функционираше во првата и втората етапа на летот, но имаше проблеми во третата конечна етапа на летот, соопшти „Лендскејп“.

Според кинеските медиуми ракетата транспортирала сателит за кинеската државна телевизија ЦЦТВ.