Свет 11. декември 2018. / 09:37

Не им ги пронашле телата – маринците прогласени за мртви

Не им ги пронашле телата – маринците прогласени за мртви

Војската на САД ги прогласи за мртви петорицата маринци кои се водеа како исчезнати по судирот на двата американски авиони во близина на јужниот брег на Јапонија.

Во соопштението на војската се наведува дека операцијата за пронаоѓање и спасување е прекината.

Заедничката потрега на јапонската и австралиската војска денеска е прекината, а причините за судирот и понатаму се утврдвуаат, пренесе АП.

Од војската додаваат дека идентитетот на маринците ќе биде објавен подоцна, откако ќе им биде соопштено на нивните семејства.

Двата американски борбени авиони се судрија во четвртокот на 6 декември, јужно од јапонскиот остров Шикоку.

Исчезнатите маринци се наоѓале во авионот КЦ-130 Херкул.

Двајца војници се спасени од другиот аивон Ф/А 18, но еден од нив почина подоцна.