Свет 26. септември 2018. / 17:27

Не го запреле бродот: Една мигрантка убиена, а тројца повредени

Не го запреле бродот: Една мигрантка убиена, а тројца повредени

Една девојка од Мароко е убиена, а три лица се повредени, кога мароканската војска пукала врз брод со мигранти.

Мароканските поморски сили отвориле оган кон брод полн со мигранти, соопштува тамошното Министерство за внатрешни работи.

Нелегалниот брод, кој бил во сопственот на Шпанец, одбил да ја послуша наредбата на мароканската морнарица и да го запре бродот, по што бил отворен оган кон мигрантите.