Свет 16. февруари 2021. / 11:46

Навални треба да плати казна од 13.000 долари поради клевета на ветеран од Втора светска војна

Навални треба да плати казна од 13.000 долари поради клевета на ветеран од Втора светска војна

Руското обвинителство побара опозицискиот лидер Алексеј Навални да плати парична казна од 12.962 долари поради клевета на ветеранот од Втората светска војна, Игнат Атременко.

Во новата судска постапка Навални се товари дека го клеветел ветеранот, кој во промотивно видео минатата година ги поддржал уставните измени насочени кон јакнење на моќта на претседателот Владимир Путин. Уставната реформа му овозможува на Путин по 2024 година да се кандидира за уште два мандата доколку тоа го сака.

Според Навални, обвинението против него е „политички мотивирано“ и верува дека овој случај е обид на Кремљ да го наруши неговиот углед.

На почетокот на овој месец, судот го осуди Навални на речиси три години затвор поради кршење на условна казна. Западот ги осудува постапките на Русија и размислува за воведување нови санкции.